Мицкоски од Прилеп: Нapoдот знае што е потpeбно, нема веќе никој да му ја kpaде пoбeдaтa и глacoт на нapoдот

И иако ова е пораз на Заев, а не на Македонските граѓани, последиците ги трпиме сите. Додека идеше за Брисел да го омекне срцето на Макрон, не заборави да го пушти законот за опојни дроги, за да ги осигура плантажите за Марихуана. Што мислите, дека Европа не знае дека премиерот во Македонија е до гуша во криминал, дека сме неславен рекордер по корупција, дека организирана мрежа на луѓе од власта рекетира бизнисмени и тргува со правдата. Цехот на штетните политики го плаќаме денес сите граѓани, ова денеска лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски го истакна од Прилеп на Денот на македонската револуционерна борба.

-Болната вистина е дека за три години власт ништо не се смени кон подобро, и нема област каде имаме напредок, а она што го преставуваа за режим кој толку многу го плукаа и го оцрнуваа, и сите наши мани кои народот ги имаше за нашето владењее ги усовршија и махериски надминаа кон полошо. И сега во една изразена немоќ на соочување со вистината ќе пласираат теза, немојте да гласате за ВМРО тие се полоши од нас, ќе не вратат во темните времиња… Добро е што признаваат дека се лоши, но треба да признаат дека се најлоши, катастрофални и дека Македонија никогаш немала полоша влада во својата историја. Животот стана пекол, а правиот пат после не добивањето на датумот за преговори заврши во слепа и темна улица. И после уништувањето на европската перспектива нема ниту една причина Зоран Заев да биде премиер. И во таква една таква една ситуација на безизлез во која се наоѓаат решаваат да удрат со две работи. Првата е лажни ветувања и тука алармирам дека нема да штедат зборови. Ќе ги рециклираат и мултиплицираат старите лаги за поубав живот, за плати, пензии кои и досега не растеа, ќе симнуваат ѕвезди, брда и долини ќе ветуваат само да ја задржат фотелјата која им обезбедува богат живот на грбот на народот, и втората е да посеат лаги кон ВМРО и опозицијата. Но има нешто што овие две работи сурово ги разобличува, а тоа искуството на народот од ова власт. А тоа искуство покажува дека народот добро знае со какви луѓе си има работа. Во налетот да сокријат дека им се тресат колената од губењето на власта, како очајник за сламка Заев тргна со лагата која ја шират дека ВМРО е противник на Европските интеграции. Ви се молам, ја слушам оваа теза и не можам да поверувам. Заев Европеец е исто онолку лажливо колку да кажам дека Заев е чесен. Едното со другото не оди. Го слушам полна му е устата дека ние сме биле националисти, јас не ми рекол националисти, ние сме родољубиви патриоти и ние сме Македонци кои што говорат македонски јазик, патриоти кои што го бранат ликот и делото на Гоце Делчев, ние сме чесни луѓе, тоа е понудата кои што ќе ја имаат граѓаните на 12 април, а од другата страна ќе ги имаат овие сто слуги без кичма, овие луѓе кои што коленичат за фотелји, овие арамии кои што ги опустошија градовите и селата и го опљачкаа народот, вели Мицкоски.

Тој додава дека наивна и лажлива теза колку онаа на власта дека уште лани добивме датум за преговори. Нема ниту една одлука со која Заев докажа дека поседува европски вредности. Па единствената закана за европската интеграција е токму тој, кој нема никаков успех на овој план. Во Европа не се оди со менување на име, туку со работа и реформи какви ние ќе донесеме.

-Втората теза која е лага е онаа дека ВМРО бегало од избори. Токму ние баравме избори, а Заев велеше октомври догодина бил добар датум, „мало сутра ќе дал избори” зошто бркал датум за преговори. Ама сега таквата сигурност во настапите на Заев ја нема, зошто знае дека се што ќе рече ќе порекне. И на онаа средба со државниот врв јас предложив веќе наредната недела да се распушти парламентот, и да се бројат стотте дена техничка влада по што ќе има избори. Заев одби. Одби и потоа нерадо се даде техничка влада зошто знае дека таква една влада ќе се спречи повторување на неславните рекорди од гласањето од 5. 4 секунди на референдумот кое се повтори и за претседателските избори. И притоа никој да не одговара за тоа. Е тоа нема да дозволиме да се повтори. Нема да се случи Заев да ја украде волјата на народот. Третата теза е онаа која Заев соочен со поразот ја пласира дека СДСМ водело на анкетите. Ќе ви кажам дека Заев води онолку колку што Македонија блеска. Еве да ве прашам кој збор ви паѓа на памет кога ќе го слушнете името Заев. Мене ми доѓа зборот измама. Измама преку нереалиирани ветувања, преку сменетиот идентитет и жицата во која се колнеше во најмилото, па потоа дека ќе облечел железни опинци, и сето тоа откако претходно година дена мислеше дека разговара со Порошенко, и многу порано откако водата ја мереше со метри кубни на час, или тоа дека рибата мирисала од опашката, за да конечно ја завладее психонализата за душата, срцето и петата. И сето ова е смешно, но истовремено трагично што ваков човек незаслужено си игра со судбината на нашиот народ. Да потсетам незаслужено дополнително покрај овие секојдневни гафови и политички штетни одлуки затоа што тој ги загуби изборите 2016та после кои владее цели три години. Е сега друга песна. Народот знае што е потребно. Нема веќе никој да му ја краде победата на народот и гласот на народот. Нема шанси да дозволиме да се провлече со било какви измами. Свесен е дека ќе имаат резултат полош од оној на Шекеринска од 2008-ма со која сега седат рамо до рамо. Овие двајкца ликови се синоним на неславната транзиција и сите погрешни политики и сега веќе е време, време е за пензија. И нормално потоа соочување со одговорноста, истакна Мицкоски.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.