Кој е тој премиер што се колне во Југославија, работи за Бугарија, а прави пари со ДУИ?
Премиерот наместо да работи на гаранции за Македонија, оди по амбасади, коленичи и моли да не притиснеле за ВМРО ДПМНЕ да попушти. Наместо да штити државни интереси и да бара гаранција Македонија да не биде понижена, Ковачевски оди и моли да има притисок врз нас за да го прифатиме неприфатливото, порача првиот човек на ВМРО ДПМНЕ Мицкоски, од вечерашната трибина во Делчево. Тој упати жестоки критики кон премиерот Ковачевски.
- „И јас секогаш сум бил искрен, и наспроти сите политичари познати од лошото искуство и минато на нашиот народ кои лажеле за состојбите во кои се наоѓаме, ја кажувам вистината дека има сериозни притисоци за прифаќање на бугарскиот диктат. Мислат дека со повици за средби, со поединечни разговори ќе попуштат. Но, и пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, исто како и јас, единствено што сме должни да слушаме е народот на Македонија. Од власта се поклонуваат пред канцеларии и кодошат по амбасади.“ – Вели тој.
Мицкоски е категоричен. Вели дека никогаш нема да прифати да се свитка кичмата на Македонија, а на пратениците и народот им порача дека ги поддржува во истрајноста против бугарскиот диктат, за кој потсети на анкетите, кој покажуваат оти 80% од граѓаните се против уставните измени.
Под овие околности, ниту сега, ниту во иднина нема да има промена на Уставот, тврди Мицкоски.
- „Прво, мило ми е што и самите признаваат и очекуваат дека ќе се смени власта, второ, треба да знаат дека сега и било кога потоа, овој или било кој мандат потоа, ВМРО-ДПМНЕ ниту јас ќе се согласиме на промена на Уставот под овие околности и со овој бугарски диктат. Не треба да се губи времето за работите кои ќе удрат во ѕид.“ – Истакна Мицкоски Претседател на ВМРО-ДПМНЕ
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ смета дека помеѓу редовите на владечката СДСМ има многумина кои се против уставните измени и оти Ковачевски, како главен лобист на Бугарија, оди и против своите сопартијци.
Вели дека ќе присуствува на лидерската средба која треба да се оддржи деновиве, но, оти нема многу надеж. Му порача на премиерот на таа средба да биде свесен за времето, откако уставните измени ќе пропаднат.