Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски обвинува дека не е само случајот со Лидија Димова злoyпотреба на финансиски средства од страна на функционери на власта.
-Освен Лидија Димова која видовме како ги дели европските пари, да не го заборавиме и случајот на поранешниот директор на Фондот за здравствено осигурување на Македонија, за кого видовме дека има и видео снимки како зема кеш пари и какви односи имал со фирмата „Диамед“, даде оставка и никогаш повеќе не видовме било каков случај од Обвинителството во Република Македонија.
Затоа, сметаме дека повикувањето на оставка е само трик и доколку би била искрена намера, СДСМ ќе треба да ги повика да дадат оставки и директорот на училиштето во Кавадарци кој земал големи суми на средства, околу 200.000 евра и неговиот брат кој е пратеник и висок функционер во СДСМ заради конфликт на интереси, порача тој на денешниот пpoтест.