Мицкоски најави нови проекти: Изградба на градинки, локални патишта, училишта, амбуланти, спортски сали во 15 општини

Вообичаено прес-конференциите кои се одржуваат се за лоши теми од болното секојдневие. Тоа е така затоа што во Македонија никогаш не се живеело полошо. Но, денес оваа прес конференција е поврзана со добри и позитивни вести кои се однесуваат на работата на повеќе општини каде градоначалниците доаѓаат од редовите на ВМРО ДПМНЕ. Пред да поминам на главното сакам да посочам дека сум исклучително задоволен од постигнатото и сработеното на градоначалниците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата. Овие две години кои се заокружија беа години на решавање на многу проблеми, многу предизвици и постигнување на резултати во услови на наследени општини во хаос, жестоки блокади од централната власт, како и лоша економска состојба во Македонија.

Ова го истакна Христијан Мицкоски, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес-конференција.

-Ова се две години без ниту еден скандал какви во минатото имаше многу во локалната самоуправа, на што морам да признам сум особено горд.

Во периодот што следи сакам да објавам дека во 15 поголеми општини следат изградба на капитални проекти со капитално значење за општините и овој циклус ИНВЕСТИЦИИ ЗА РАЗВОЈ треба значително да го олесни животот на граѓаните во овие општини.

Пред малку заврши работен состанок со градоначалниците каде се разговараше за динамиката на реализација на овие проекти и почетокот на градежните работи кои ќе се случат во следните месеци.

Ќе се почне со градба на градинки, локални патишта, училишта, амбуланти, спортски сали кои се од огромно значење за овие 15 општини. Морам да признам дека сите овие 15 општини ги завршија проектите и истите се ревидирани и само следи формално отпочнување на истите.

Во општина Аеродром, кај Тимчо Муцунски ќе се отпочне со проект за доградба и надградба на нова детска градинка и тоа објектот „Изворче“ за што ќе се инвестираат 70.000.000 денари и почеток на инвестиции за проект за надградба и доградба на ООУ „Блаже Конески“ за што ќе се вложат нови 100.000.000 денари. Тоа се два нови капитални објекти за Аеродром, градинка и училиште во вредност од 170.000.000 денари.

Во општина Кисела Вода, кај Орце Ѓеоргиевски се почнува со проект за доградба на градинката „8ми Март“ во населба Расадник за што ќе се инвестираат 60.000.000 денари и нов проект за изградба на ОУ „Климент Охридски“ во село Драчево за што ќе се инвестираат нови 80.000.000 денари. Двата проекти од вкупна вредност од над два милиони евра се долго очекувани и насушно потреби за жителите на Кисела Вода. И само да повторам што се однесува до овие проекти истите се завршени, ревидирани и во периодот кој што следи таму некаде втората половина на јануари месец ќе се објави јавната набавка, а некаде втората половина на март месец со што е потврдено и од самите градоначалници ќе биде ставен камен темелник и ќе започне изградбата на овие капитални проекти.

Во општината Гази Баба кај Боби Стефковски, каде исто така во тек се повеќе други капитални проекти, многу скоро се започнува со нов проект за изградба на ново основно училиште „Крсте Мисирков“ за што ќе се инвестираат нови 110.000.000 денари. Значи Гази Баба добива ново основно училиште.

Во Општина Ѓорче Петров кај Александар Стојовски се започнува со проект за изградба на објект детска градинка во населено место Стопански двор за што ќе се издвојат нови 60.000.000 денари. Градинките се преполни, а сега со овој чекор се излегува во пресрет на долгогодишното барање на жителите на Стопански двор.

Одиме понатаму, во општина Бутел кај Дарко Костовски се започнува со инвестиција за проект за реконструкција на детска градинка за што ќе бидат инвестирани 52.000.000 денари.

Во Општина Илинден кај Александар Георгиевски се започнува со проект за изградба на амбуланта во центарот на Илинден за што ќе се инвестираат 8.000.000 денари како и проект за реконструкција на улица 9 и улица 532 кои сега се во очајно лоша состојба и за што ќе бидат инвестирани 12.000.000 денари. Или вкупно 20.000.000 денари во Илинден за градба на амбуланта и улици.

Исто како и во претходниот случај за Аеродром и Кисела Водам, така и во Гази Баба, Ѓорче Петров, Бутел, Илинден проектите се завршени, ревидирани, таму некаде втора половина на јануари месец ќе биде јавната набавка објавена, некаде втора половина на март месец евентуално почетокот на април ќе биде ставен камен темелник. Објекти кои се ветувани со децении, а до сега не се реализирани.

Во Општина Штип кај Иван Јорданов се започнува со проект за изградба на спортската сала позната „Џексон” за што ќе се инвестираат околу 90.000.000 денари. Ова беше ветување и во изборната програма за Општина Штип.

Во Охрид каде градоначалник е Кирил Пецаков ќе се започне со проект за реконструкција и адаптација на простор за нова училишна зграда за потребите на ООУ „Кочо Рацин” за што ќе се инвестираат 70.000.000 денари, како и изградба на училишна спортска сала во ООУ „Ванчо Николески” за што ќе се одвојат и инвестираат 20.000.000 денари.

Охрид и Пецаков за овие два проекти ќе инвестира вкупно 90.000.000 денари.

Во Општина Битола каде градоначалник е Тони Коњановски ќе се инвестира во проект за реконструкција на улица 8 Септември во должина од 1400м, како и поставување на атмосферска канализација, водоводна инсталација, коловозна конструкција, улично осветлување, реконструкција на пропуст над Раштански порој, поставување на сообраќајна опрема и експропријација за што ќе се инвестираат 110.000.000 денари. Тоа се средства кои се обезбедени за овој проект од страна на буџетските средства кои беа дел на реструктуирање на буџетот. Инаку вкупната инвестиција таму ќе надмине околу 180 милиони денари, останатите средства општината ќе ги обезбеди од сопствениот буџет. Инаку вака на долго кажано тоа подразбира улица со сета дополнителна инфраструктура која е потребно за да биде тоа завршено. Инаку кај народот тоа е познато како влезот во Битола од страна на Прилеп нешто што со децении не е направено и сега еве ќе биде конечно почнато и завршено. Исто и во Битола, и во Охрид, и во Штип проектите се готови, процесот е започнат јавните набавки се очекуваат во втората половина на јануари, камен темелник таму некаде втората половина на март месец почетокот на април.

Во Општина Прилеп кај Борче Јовчески се отпочнува со проект за изградба на фабрика за рециклирање на отпад со што ќе се реши долгогодишниот проблем со третман на отпадот во општината. За оваа цел ќе се инвестираат 90.000.000 денари.

Во Општина Пехчево кај Александар Китански се започнува со проект за реконструкција на локален пат од село Чифлик до село Умлена за што ќе се инвестираат 18.000.000 денари.

Општина Јегуновце кај Диме Костадиновски се отпочнува со проект за реконструкција на локален пат с. Копанче – село Туденце – село Сиричино за што ќе се инвестираат 12.000.000 денари, како и реконструкција на локален пат во самото село Сиричино – за што се вложуваат 3.000.000 денари. Вкупно за двата проекти ќе се инвестираат 15.000.000 денари.

Македонски Брод кај Жарко Ристески се почнува со проект за реконструкција на ул. „Кирил и Методиј” и краците за што ќе се инвестираат 15.000.000 денари.

И Прилеп, и Пехчево, и Јегуновце, и Македонски Брод имаат проекти завршени ревидирани отприлика планот гантограмот е таков да втора половина на јануари месец ќе има објава на тендерската документација втора половина на март месец ќе има ставање на камен темелник.

Општина Свети Николе кај Дејан Владев ќе се отпочне со инвестиција во проект за мост на река Периш и асфалтирање на улицата на тој потег, инаку инвестиција во вкупна вредност од 20.000.000 денари.

Општина Велес се започнува со проект за реконструкција на спортски терени и поставување на урбана опрема за што ќе се инвестираат 24.000.000 денари.

И Свети Николе и Велес се готови со проектна документација, очекувањата се дека втората половина на јануари месец ќе биде објавена тендерската документација, а втора половина на март месец ќе биде ставен камен темелникот и на овие капитални инвестиции во Свети Николе и во Велес.

Инвестициите се развој со кој што практично ја развиваме Македонија и тие се плод на изработени проекти и конкретна визија. Граѓаните треба да знаат дека работиме на промени, домаќински и одговорно.

Овие проекти се ветени со програмите со кои ВМРО-ДПМНЕ настапи на локалните избори пред две години. И ние се држиме кон ветеното и се трудиме веќе на половина на мандатот на градоначалниците најголем дел од ветеното што би рекол во процентуален износ поголем од 70% да биде реализирано, некаде 90, некаде 80, некаде 60, но просекот е поголем од 70 проценти. И затоа кога велиме дека се држиме до ветеното, ние имаме озбилна намера сето тоа кое што го реализираме на локално ниво, сега да го продолжиме понатаму како идна влада која што ќе ја предводи ВМРО-ДПМНЕ.

Луѓето кои што ги предводат општините се гаранцијата дека тоа што е ветено тоа и ќе се реализира во самите општини.

Овие инвестиции се со буџетски средства, т.е парите на граѓаните. И овие проекти се само мал дел од вкупниот број на проекти кои градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ ги реализираат.

Наскоро по промените кои ќе се случат во Централната власт на претстојните избори следува поддршка на локалните самоуправи без оглед на партиската припадност на градоначалниците. Тоа е многу важно да кажеме дека идната влада на ВМРО-ДПМНЕ нема намера како тоа што го правеше до сега владата на СДСМ и ДУИ или ДУИ-СДСМ да ги двои општините на подобни и неподобни или онаму каде што се градоначалници на СДС-ДУИ да бидат подобни, сите останати да бидат неподобни. Ние такви општини немаме намера да класифицираме, туку сите општини на целата територија на Македонија на овие 26.000 квадратни километри ќе бидат инвестирани и ќе бидат реализирани такви проекти.

Таа поддршка подразбира дека ќе бидат решени многу проблеми кои што во моментот ги тиштат нашите граѓаните.

Покажуваме поинаков начин на работа и разликата е очигледна. Со работа и со резултати ќе дојдеме до промени и иднина каква што заслужува секој еден граѓанин, додава Мицкоски.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.