Мицкоски најави нова странска инвестиција – ќе вреди 65 милиони евра и ќе отвори нови 700 работни места

Нова инвестиција од 65 милиони евра, нови 700 вработувања. Премиерот најави почеток на изградба на фабрика за литиумски батерии.

Продолжува политиката на новата власт во Македонија, со цел привлекување на директрни странски ивестиции, вели Хритијан Мицкоски и додека дека оваа инвестиција е плод на двомесечна напорна работа, во која биле отстранети сите недостатоци, кои што биле акумулирани со месеци наназад.

-Инвестицијата е од прилика 60 до 65 милиони евра, некаде околу 700 нови вработувања, ќе се произведуваат литиумски батерии. Со завршувањето на оваа инвестиција ќе биде зголемен извозот, а со зголемување на извозот ќе биде намалена разликата, односно дефицитот помеѓу извозот и увозот и на тој начин се зголемува бруто домашниот производ, така да еве да почекаме да утре, па македонската јавност ќе биде сведок утре, изјави Мицкоски.

Во наредниот период ќе биде распишан и тендер за третиот мобилен оператор во Македонија. Мицкоски кажа дека потпишан е необврзувачки меморандум со компанијата „4 ај џи“, која пројавила интерес да влезе на македонскит пазар. Премиерот истакна дека веќе нема да има договори во четири очи, односно дека Македонија сега е земја која се развива и држава во која владее правото. Мицкоски потенцираше дека ваков меморандум може да биде потпишан и со други компании кои ќе покажат интерес да влезат на нашиот пазар.

-Заврши времето на договори во четири очи, како што беа тие во кичевски ТЕЦ Осломеј, битолски РЕК Битола, заврши времето кога голобради момчиња купуваа трговски центри, кога се играа фудбалчиња и баскетче во канцелариите на Владата. Сега е време кога треба да се развива Македонија, заедно со македонските граѓани и кога треба да владее правото. Наш интерес е интересот на граѓаните, а кој е интересот на граѓаните, поголема конкуренција, пониски цени, интересот на граѓаните е и наш интерес како Влада, изјави Мицкоски.

Мицкоски порача и дека во наредниот период јавноста ќе биде сведок на повеќе истраги, односно објавување на информации за можни криминални активности од страна на функционери од претходната власт. Вели поради тоа можеби и постои страв кај најголемата опозициска партија СДСМ. Премиерот кажа и дека до крајот на годинава вработените во јавната администрација ќе добијат по 11 илјади денари К-15, кој е предвиден со ребалансот на буџетот, а била ставка заборавена од претхондата власт. Мицкоски порача и дека имаат активна комуникација со Брусел, со цел пронаоѓање техничко решение за изградба на Коридорот 8.

Потенцираше дека е добри што власта успеала да се избори да не бидат потрошени 500 милиони евра од македонскиот буџет и 250 милиони пари на европските даночни обврзници.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.