МИЦКОСКИ НАЈАВИ „БОМБА“ ЗА ВЛАСТА: Во 16 часот денес, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ ќе објави криминална афера на власта!

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на Фејсбук најави дека денеска во 16 часот ќе објави криминална афера за власта во Република Македонија.

-Во една прилика соопштив дека во Македонија се случува колективен грабеж полош од транзицијата, последиците од неработењето и погрешните политики ќе се чувствуваат долго потоа. Тоа го кажав врз основа на прецизни информации кои до нас доаѓаат на дневна основа. Врвот на тоа криминално стебло доаѓа до самата врхушка на власт. Денес ќе објавам нов случај каде постои сериозен сомнеж за криминал кој се одвива на дневна основа. Велеа дека ќе се борат за живот за сите, една година подоцна, животот за обичниот граѓанин никако да дојде, но затоа картелот на власт енормно се богати, а единствено што оди напред е криминалот. И кога ќе Ви велат дека за Македонија се работи, всушност се гледа дека се работи за пари, ништо повеќе и ништо помалку од тоа. Следете ме денес во 16 часот…, напиша на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.