Реалноста не се фалбите на владата со измислени бројки. Не е ниту купувањето на социјалниот мир. Сето ова се распрснува пред налетот на реалноста. А реалноста можеме да ја најдеме и во секојдневни примери. Нејзе ни ја отслика Симон Андов од Неготино. Овој млад човек не го познавам, но неговата приказна пренесена во медиумите беше најголемата негација на розовите очила на Владата. Млад човек дипломиран правник со висок просек, специјалист и магистер по европско правово на универзитетот во Нанси, Франција, магистер по европска интеграција на универзитетот во Ремс, Франција, кој говори три европски јазици и што е најважно, кој има мотив и ентузијазам да работи за сопствената држава. Се вратил дома за да конкурира за почетничко вработување во МНР, со многу верба и труд, но бил одбиен и тоа без многу објаснувања, поради застарено лекарско уверение. Симон кажа, збогум Македонијо и отпатува. За жал Македонија има многу вакви примери како Симон кои се иселија од земјава, барајќи ја среќата таму некаде далеку,а нашата земја се ситни, губи, ова денеска на 29 годишнината од формирањето на ВМРО-ДПМНЕ го истакна претседателот на партијата Христијан Мицкоски.
-Не има се помалку, и ова е проблем низ целата држава. Од Тетово до Гевгелија од Делчево до Дебар. И не се само луѓето кои отпатуваа поради лошиот стандард, се повеќе луѓе си заминуваат зошто ја губат вербата во системот, иако имаат солидни примања. Зошто има неправди, пустош, пепел. Несигурност. Но сето ова нема да го видите на спотовите кои СДСМ ги пушта на националните медиуми, а кои сега само затоа што се власт не им преставуваат проблем и сега за нив не се некаков вид на тивка корупција. Но тоа е друга тема. Но она што сакам да го зборам е што во овие спотови кои делуваат надреално ќе слушнете фалби дека изградиле стотици километри автопатишта, дека изградиле десетици градинки, дека наводно гасификацијата ја тераат со огромно брзо темпо и се така, всушност ако сте заборавиле некој проект од владите на ВМРО-ДПМНЕ ќе го видите во спотовите на СДСМ прикажан како нивни. Зошто совршено јасно е дека СДСМ и Зоран Заев немаат завршено ниту еден, повторувам ниту еден свој проект. Нема таква работа. И овие нивни спотови во кои ќе се изнаслушате фалби завршуваат со една парадоксална порака која се почесто ја употребуваат луѓето од раководството на нивната партија а тоа е Зборот Важи!…Но вистината е дека со СДСМ и Зоран Заев ги отсликува само зборот лажи! Со овие луѓе зборот не важи, туку само зборот лажи, потенцира Мицкоски.
Мицкоски вели дека, лажи зошто нема никаде 500 евра плата како што ветуваа, лажи зошто нема ниту 1.500 евра плата за докторите, ниту пак поврат на ДДВ. Странските инвестиции се најмали во последните 10 години, а воедно имаме најслаби досега капитални инвестиции, зошто не се гради ништо. Со Заев и СДСМ зборот лажи зошто дупката во буџетот се зголемува, а единствено што расте е задолжувањето.
-Ваквата економска катастрофа за да се покрие секогаш како од ракав власта вади вештачки теми. Па така ако што лажно се прикажуваа за европејци, продолжуваат лажно да се прикажуваат за душегрижници за соживотот. Нема нема, па ќе им текне да направат некаков договор под радар, како оној што се зборува дека бил направен во Тетово а кој премиерот не го негираше. Па ќе стане тема пописот кој сакаат да го наместат или промена на изборниот модел, а на крај под прашање ќе се постави и политичкиот карактер на државата. И во тоа ветување Заев само за да си ја осигура фотелјата нема мера. И ако може за сето ова да се обвини ВМРО ДПМНЕ дека премногу радикално сме реагирале со неколку етикети попатно. Но овој пат така не може. Ниту пак ВМРО-ДПМНЕ ќе наседне, затоа што ние сме сигурни и знаеме дека кај Заев нема ништо поврзано со соживот и се е околу парите. Зошто ако му беа важни другите заедници и му беше важен соживотот ќе изградеше водовод во Арачиново, Училиште во Желино, спортска сала во Куманово и редица други проекти. И јас власта никогаш нема да ја гледам низ призма на тоа колку романтичарско заводливи теми можам да отворам и ветам, туку колку можам да исполнам за граѓаните кои насекаде подеднакво лошо живеат. И Власта во оваа држава не зависи ниту од Али, ниту од Бујар, Села или Гаши, исто како што не зависи ниту од мене или Заев. Туку зависи и од Марко, Идриз, Агим, Стојан, Шпреса, Марија, Христина и илјадници други граѓани. Власта зависи од народот кон кој треба да се обврзи и да му ги решиш реалните проблеми. Мојата борба е за подобар стандард и подобар живот. Сите договори со партиите кои ќе ги правам ќе бидат токму на оваа основа, на принципи и вредности. Земјава е уморна од романтизмот и стапиците на власта кои не носат ништо добро. И не постои метла та која ја ветуваа. Тој процес завршува во ново фијаско, каде сосема извесно е дека си создаваат круг каде едни функционери слични на другите ќе си ги заменат фотељите, ако воопшто тоа се случи. Но таму Заев и неколкумина како него се проблемот. Народот му спрема метла на Заев, а потоа, потоа треба да се обнови земјата, истакна Мицкоски.