Мицкоски на средба со вработените во прилепскиот загубар: Еурокомпозит е голем срам на владата во заминување (Фото)

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска оствари средба со вработените од Еурокомпозит.

-Имав средба со вработените од Еурокомпозит. Ќе потсетам дека едно од првите ветувања на Зоран Заев и неговиот економски цунами тим пред три години беше дека ќе најде решение за овие луѓе кои не земаат плата. Три години потоа овие луѓе сведочат за лажните ветувања на Заев и ова е случај каде единствено блескаат лажните ветувања. Реалноста говори дека не се платени придонеси од околу 2 милиони евра, и плати од 1 милион евра. Вкупниот долг по разни основи на Еурокомпозит е 5 милиони евра. Над 150 луѓе отидоа како технолошки вишок, а над 60 се преостанати кои не земаат плата. Ова е болната и грдата реалност на Зоран Заев и власта во заминување. Јас нема да ветувам чуда, нема да ветувам магични решенија со кои преку ноќ ќе им ги решам проблемите. Туку на овие луѓе можам да им ветам напорна работа на идната Влада и дека една од првите работи со која ќе се зафатам ќе биде како да им помогнеме на луѓето на кои им е потребна помош. Еурокомпозит е голем срам на владата во заминување, стои во неговиот пост на Фејсбук.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.