Мицкоски и Мисајловски денеска во Прилеп на промоција за артилериските орудија „Боран“

Денес, во касарната „Мирче Ацев“ во Прилеп, премиерот Христијан Мицкоски, заедно со министерот за одбрана Владо Мисајловски и началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски, ќе бидат присутни на свеченоста по повод промоцијата на артилериската батерија.

Батеријата се состои од шест хаубици 105 mm, „Боран“, како и друга поврзана опрема.

Министерството за одбрана соопшти дека оваа аквизиција е дел од процесот за модернизација и опремување на Армијата, овозможена од страна на сојузничка Турција.

На настанот, обраќање ќе имаат премиерот Мицкоски, министерот Мисајловски, началникот на ГШ, генералот Лафчиски, како и амбасадорот на Турција, Фатих Улусој.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.