Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, вчера оставари средби и се обрати пред жителите на Македонски Брод.
Mицкоски им сугерираше на граѓаните од оваа општина да не веруваат во подароците кои власта им ги дава пред избори и порача:
-Сепак, земете си ги подароците бидејќи тие подароци се купени со ваши пари. Тоа е арачот на народот. А, потоа завртете им го грбот и покажете им го тилот и пратете ги на темната страна на политичката историја на нашата преубава Македонија. Тие не заслужуваат ништо повеќе од тоа, завртете им го грбот, истакна од говорницата порача Мицкоски.