Мицкоски: “Дојде време за “д гау”, губитници од СДСМ”

Благодарност што ми дадовте прилика да се докаже дека нема ниту “к” од криминал. А сега што правиме со трас-трас одлуките, “д гау” времето доаѓа!?, реагира претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски по денешните објавени аудио снимки.

Во продолжение ви ја пренесуваме целата реакција на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски:

“Иако не ги оправдувам, ги разбирам Зоран Заев и апологетите на власта, тие мораат да ја дефокусираат јавноста од вистинските теми. Наутро Чулев е виновен, попладне јас. Ама позадината е друга. Чулев им го разоткрива криминалот, а јас им ја зборувам вистината. И доколку денес не го објавеа ова, ќе се зборуваше за вистината, а таа е следна:

Ова е потег на очај и деликатна емотивна состојба на Зоран Заев каде јасно се гледа и има директни сведоштва дека е поплавен со криминал, корупција и рекет. Ова е и можност јавноста да види дека нема ништо инкриминирачки во тие објавени снимки. Убеден сум дека ако имаше барем една темна дамка во моето минато, денес ќе бев на друго место и немаше ова да го пишувам. Ова ми кажува само едно дека Заев е исплашен од пораз. А го чека страшен пораз.
И да не си ги толкуваме изјавите така како што на страните им одговараат.

Јавно на прес конференција на 16 август, 2019 година на прашање дали сум се сретнал со Зоран Милевски не негирав дека сум се сретнал, напротив, велам дека сум среќавал со многу слободни граѓани. Но, од тогаш до самото интервју кое се објавува на ,, А1 он” кое е во откомври 2019та година, кажувам дека сум немал средба што е и вистината.

Ќе ве потсетам на прес конференцијата во август одговорив – цитирам „Сум се гледал со сите слободни граѓани, но суштината е дека власта сака да покаже дека тој Зоки му дал пари на Мицко. Сакаат да ме вмешаат во таа рашомонијада. Еве, дајте доказ дека сум инкриминиран, не треба Рускоска и Реџепагиќ да ме спроведат, сам ќе се пријавам во истражниот затвор Шутка“. Па јас и денес стојам на овој став.

Ова е период кога Македонија е претворена во мочуриште на криминалци. Ама тоа е нивната приказна. Ќе дојде време многу бргу, барата ќе се избистри и сите оние кои што се во блатото сега ќе нема кај да се кријат. Тогаш ќе биде време за одговорност.

Јас на оваа епизода гледам многу спокојно и со огромна смиреност, но и радост затоа што им се ближи крајот, и да знае и Заев и неговите инструменти и емисири кои ги праќа со надеж дека може нешто да се спогоди по изборите за да не одговара, сигурно се две работи, прво заедно со народот ќе ги победиме сите на куп и второ, од одговорност нема бегање.

П.С. Благодарност што ми дадовте прилика да се докаже дека нема ниту “к” од криминал. А сега што правиме со трас-трас одлуките, “д гау” времето доаѓа!?”, реагира претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски по денешните објавени аудио снимки.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.