Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска одржа состанок со претседателите на општинските комитети на партијата.
Мицкоски преку својот Фејсбук профил информираше дека добил целосна поддршка од сите претседатели на општинските комитети.
-‘Рбетот на организацијата се општинските комитети. Тие се носечкиот столб на ВМРО-ДПМНЕ.
Денес ми беше чест да се сретнам и одржам состанок со претседателите на општинските комитети, а нивната едногласна поддршка за мене преставува огромна обврска да продолжиме со рушење на оваа криминална Влада.
Македонија повторно ќе се исправи од секојдневните удари кои ги задава актуелната власт и Македонија ќе оди напред!” – напиша Мицкоски на Фејсбук после одржувањето на состанокот.