Мицкоски го матира Заев: “Да донесеме резолуција за заштита на македонскиот јазик, виткањето кичма ништо добро не и донесе на Македонија”

Ја следам онаа дебата каде Зоран Заев со полуплашлив тон ќе каже дека допрва ќе одлучуваат, како да одлучат за да ја демантираат одлуката на БАНУ. На ова ќе потсетам претходеше и Резолуција во Бугарскиот Парламент со која се спореше македонскиот јазик, ова денеска во свој статус на Фејсбук го пишува претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

-Сето ова остана незабележано и без реакција на македонската држава. Впрочем, вината не треба да се бара во соседите, тие лошо би се бореле за своите интереси ако не искористат ваква катастрофална пластелин политика на нашата Влада, каде основата на се е виткањето на кичмата. Арно, но таквото виткање цели три години наместо гигантски чекори напред, какви што ветуваа, ни испорачува гигантски тресок на дното. За само три години, речиси и да нема сегмент од темелите на Македонија кој Заев и оваа Влада не започна да го разјадува и доведува во прашање. Не е до соседите, до Заев е, пишува Мицкоски.

Тој понатаму во својот пост пишува и дека полусрамежливото кажување дека БАНУ не е во право, нема да спречи вакви или други тендеции. Јас пред два месеци дадов иницијатива, и сега ќе ја реактуелизирам во македонското Собрание да донесеме заедничка Резолуција по пат на консензус за заштита и потврдување на посебноста и автенткчноста на македонскиот јазик. Впрочем, таквата Резолуција нема да значи никаква претензија, туку потврда за нашето и испраќање на политичка порака дека како држава сепак имаме кичма и свој јазик различен од сите други, по кои се препознаваме и разликуваме од останатите.

-За ваквата Резолуција е добро да се изјасни и Зоран Заев, и се надевам дека овој пат нема да се двоуми и молчи како што тоа го прави за предлогот за ограничување на амнестијата, испитување на имот на политичарите, кандидат мандатар и измени на Законот за јазици во склад со Венецијанската Комисија и Уставот. Се надевам дека барем малку ќе се издигне над дневната политика и ќе се стави на страната на националните интереси, стои во неговиот пост на Фејсбук.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.