Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска во паркот на “Могилата на непобедените” во Прилеп, имаше средба со просветни работници и средби со граѓани.
Мицкоски заедно со носителот на четвртата изборна единица и кандидатите за пратеници од Прилеп, ги презентираа мерките и проектите кои се предвидени во изборната програма “Обнова на Македонија” за како што велат, враќање на достоинството на просветните работници.
“Пред прилепчани се обврзавме дека ќе ги реализираме сите проекти превидени во програмата Проект „Обнова“ и дека нема да се откажеме од она што сме го зацртале. Проектите од образованието ќе бидат наш приоритет. Образованието е темелот на секоја држава, кој мора да остане цврст без разлика на сѐ”, напиша Мицкоски на Фејсбук.