Мицкocки апелиpa на обединyвање: Иако имаме paзлични cтавови, но имаме една татковина

Во вечерашното издание на дебатната емисија “Јади бурек” на ТВ Сонце гостуваше претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски кој се осврна на актуелните политички случувања, поразителните политики на Владата во однос на здравствената и економската криза, како и актуелниот договор со Република Бугарија.

Мицкоски посочи дека македонските семејства имаат премногу проблеми и релативно тежок живот, а тоа не смее да се дозволи, бидејќи Република Македонија памети и времиња кога граѓаните биле насмеани, а сега сме навистина далеку од тоа, што е навистина жално.

Мицкоски додаде дека македонските граѓани не треба да калкулираат околу активирањето во оваа борба против ова што се случува, затоа што ВМРО-ДПМНЕ нема никому да прави притисок, како што тоа сега некој го прави.

-Дојден е момент да проработи националниот дух, момент кога секој граѓанин треба сам да стане и сам пред себе да каже дека сега е историски момент за Република Македонија. Ако македонскиот народ сега попушти, нема да има поправен, додаде Мицкоски.

Мицкоски вели дека иако политичките партии се со спротивни ставови, сепак треба да се направи национално окрупнување кое ќе застане заеднички на браникот на татковината.

-Политичките препирки, дијалозите помеѓу политичарите се едно, но кога се работи за Република Македонија, редно е да се изгради еден национален штит кој нема да дозволи ниту еден странски политичар да ја навредува и понижува државата. Доколку граѓаните на Република Македонија без оглед на нивната етничка, верска или партиска припадност, застанат во одбрана на својата земја, не постои сила која што ќе може тоа да го раздвои, ниту пак ќе постои повеќе горд народ од македонскиот, заврши Мицкоски.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.