Мицкоски: “100 причини зошто да го казните 3ЛOCTOPHИЧKOTO 3ДPУЖУBAЊE во градот херој”

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска е во посета на Прилеп. Мицкоски ја посети црквата Свето Благовештение, а потоа се упати на средба со бизнис секторот од градот.

До крајот на својата посета, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, ќе оствари средба и со членството на партијата и граѓаните на Прилеп.

Тој посочи дека постојат голем број причини зошто прилепчани треба да го казнат СДСМ, Зоран Заев и Пендаровски на вториот круг од претседателските избори на 5-ти мај.

Како причини за поразот на власта во Прилеп тој ги посочи хаосот во Старата чаршија и мега објектите на функционерите на СДСМ, пониските пензии за 12.000 пензионери од Прилеп, измамените работници од прилепскиот загубар Еурокомпозит, повисоките сметки за вода за околу 60%, катастрофалното ниво на капитални инвестиции од локалната самоуправа и Владата во градот, но и заканите, уцените од функционерите на СДСМ, како и порастот на kpиминалот.

На сето ова граѓаните можат да додадат уште цела низ други причини поради кои СДСМ, Зоран Заев и Пендаровски високо ќе бидат поразени во Прилеп, рече Мицкоски.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.