Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешната прес конференција се осврна и внатрепартиските случувања
И сосема на крај да одговорам на сите прашања поврзани со ВМРО-ДПМНЕ, збор два за оние иницијативи кои одат во користсамо на СДСМ и Зоран Заев. Јас немам намера да си поднесам оставка за да му помогнам на СДСМ и Заев. Ваквите теми само одат во прилог на оние против кого се бориме, ова на денешната прес-конференција го истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.
-И додека сум жив а доколку тоа не сум има план Б и план В ќе се борам против оние кои му служат исклучиво нему на Зоран Зае за да си го заштитат својот криминал. Зборат за вонреден конгрес но таква иницијатива нема стигнато ниту поднесено во архивата на партијата. Што значи тоа е тема за да се прикаже ВМРО-ДПМНЕ слабо и се одработи исклучиво за СДСМ и Зоран Заев. А сега и за суштината. За сите оние кои прават криминал, кои одработуваат за милост и кои поради тој криминал потклекнале и се во скутот на Заев, треба да знаат сега и во иднина, нема да правaм компромиси со криминалот, нема да дозволам да се прогледа низ прсти поради сите нивни грешки и нема да премолчиме богатење на грбот на народот. Сите оние кои станаа најдобри другари на Заев не е тоа затоа што се силни, туку затоа што се екстремно слаби. Сигурно сте се запрашале зошто нема завршница за познатите случаи за кои Заев како опозиција велеше дека се криминал, одговорот на тоа се добива овие денови кога гледаме како неколкумина појаничарени слуги одработуваат надевајќи се на неговата милост и својата слобода, вели Мицкоски.
Тој додава дека нашите животи го почнуваат својот крај оној ден кога ќе замолчиме за значајните нешта. А јас нема да замолчам пред неправдите, за печалбарите во политиката, за отпорот кој станува наша должност кога криминалците прават хотелски коалции за да се спасат себе си, а се нудат за решение.
-Оние кои толку многу пати се огрешиле кон ВМРО-ДПМНЕ и кон народот не се никакво решение, туку завршена приказна. Товар кој мора да отпадне за да ВМРО-ДПМНЕ и народот победи. Тие не зборат за криминалот на власта, ама се со полна уста за опозицијата и ВМРО-ДПМНЕ. Тој пакт на криминалот и политиката кој е мафија во државата ќе биде поразен. Таа мафија, тој политички брак на власта и дел од тоа политичко криминално подземје кое се нуди за опозиција на опозицијата за да ја спаси власта, кое направи милиони за себе, со чиновничка плата, ќе биде поразено. Хотелската коалиција или Зоран Заев не може да се иднината на Македонија. Или тие, или Македонија! ВМРО-ДПМНЕ припаѓа на народот, и на Македонија и нема да биде заробено од оние чиј капитал го направија на тие свети букви. Македонија има јасна закана, и јасна цел, да ја собориме најпрво владата и мафијата која ја оддржува таа влада а потоа да си ја обновиме државата, вели Мицкоски.