ВМРО-ДПМНЕ го поддржува протестот за Правда на уставобранителите кој ќе се одржи на 29.05.2021 година.
По тој повод ви ја пренесуваме изјавата на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во Штип.
„ВМРО-ДПМНЕ има прецизен став по тоа прашање. Станува збор за луѓе кои што се неправедно осудени и квалификувани како терористи. Тоа е срам за судскиот систем, што дозволува еве и до ден денеска се уште тие луѓе да не можат да користат правен лек, односно да можат да ја обжалат пресудата на второстепениот Апелационен суд, и до Врховниот и до ЕСЧП, односно Европскиот суд за човекови права.
Ние јасно и гласно кажавме дека, да тие може го прекршиле законот, т.е. да дел и нив признаа пред судот и ги цитирав дел од нив – да ние признаваме дека го прекршивме законот, но ние сме подготвени да одговараме за тоа што се сме го прекршиле законот, но не сме терористи, да одговараме за тероризам. Така што апсолутно одговорот е да, ВМРО-ДПМНЕ ќе ги поддржува, не е организатор но ќе ги поддржува протестите кои што во крајна цел имаат правда, односно секој еден да има можност да ја докаже својата невиност за тоа што е осуден. Нормално доколку постојат докази за некое друго сторено кривично дело или прекршување на законите, тогаш оставаме на судските власти да судат и пресудуваат понатаму.
Но она кое што го направи тогашниот, би рекол колоквијалец кој што понатаму стана Уставен судија, Кацарска, е се само не е правда и правдина и ние се бориме за таквите судии кои што се под политички притисоци и политички се фаворизирани во судството. Тоа е она што ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи и во иднина да го практикува“.