Михајловиќ во жестока кapaница со еден од неговите играчи

Болоња успеа да го совлада Лече со резултат 2:3 на тешкото гостување во Пуља, а освен одличната игра на гостите мечот го одбележа и кавгата во која главен актер беше Синиша Михајливиќ.

На крајот од првото полувреме се случи инцидент покрај аут линијата, меѓу Гркот Тахцидис и Гери Медел. Чилеанецот веќе имаше жолт картон, па Синиша излезе 10 метри од ограничениот простор за да го смири.

Во тој момент Медел го турна Михајловиќ и започна да се расправа со него.

На сите им е јасно што преживеа српскиот тренер во минатите неколку месеци, но најверојатно Медел не размисли на тоа. Кавгата продолжи и откако играта беше во тек, па Михајловиќ повика играч од клупата да направи измена. Секако, со аплауз да го замени Чилеанецот.

Тоа не беше крај! Кавгата продолжи и на полувремето и Медел остана во игра.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.