„Никола Јанчев“- семејната фондација на градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев, донира 10.000 евра за лекување на 19-годишниот Бошко Јанкулов од Кавадарци, кому му е дијагностициран канцер.
-Уште од првиот ден од објавата за Бошко, и потребата за негово лекување, сум во контакт со неговото семејството. Во текот на утрешниот ден треба и да оствариме средба. Бошко е врсник со мојот најстар син Никола, од се срце сакам ова да е само еден лош сон и да заврши што поскоро.
Од семејната фондација Никола Јанчев ќе бидат одвоени финансиски средства во износ од 10 000 евра , се со цел да започне процесот на лекување. Во наредниот период како приватно така и преку Општина Кавадарци ќе се организираме да се соберат и дополнителните средства кои се потребни за понатамошно лекување.
Некои работи не се така едноставни и лесно остварливи, затоа да се фокусираме на сплотеност и заедно да направиме Бошко да ужива во младоста и да продолжи понатаму – порача Јанчев.
Секој кој е во можност може да донира за Бошко на приложената трансакциска сметка и со повик на телефонскиот број 143 193 за корисниците на Телеком.