На многу од луѓето им е познато дека пирамидите се огромни, импресивни градби изградени пред илјадници години во Египет. Исто така, познато е дека служеле како монументални гробници во кои биле погребувани фараоните.
Но постојат и други бројни занимливости за овие фасцинантни градби. Постојат сомнежи дека тие се изградени со помош на вонземјани.
1.Трите пирамиди во Гиза ( Кеопсовата, Кефреновата и Микериновата) се најпознатите египетски пирамиди, но всушност подрачјето на древен Египет имало повеќе од 140 пирамиди.
2.Најстарата египетска пирамида е онаа на фараонот Дјосер, изградена 2650 година пред нашата ера. Се наоѓа во Сакари, најголемата гробница на градот Мемфис во кој се откриени повеќе од 250 подземни гробници.
3. Кеопсовата пирамида е дефинитивно најголема и висока е 138,8 метри.
4. Се проценува дека бројот на луѓе кои ги граделе овие пирамиди достигнувал до 100.000.
5.Пирамидите во Египет ги чува огромна Сфинга, најголемиот монолитски кип на светот. Се верува дека лицето на Сфингата го претставува лицето на фараонот Кефрен.
6. Прв и најпознат архитект на пирамидите бил Имотеп, кој бил лекар и инженер. Се смета дека тој е заслужен за изградбата на првата голема пирамида на Дјосер.
До ден денес сеуште постојат сомнежи за начинот на кој се донесени материјалите и начинот на изградба напирамидите.
Она што е јасно е дека техниката на градба се развивала со текот на времето, односно поновите пирамиди се разликуваат од постарите.
Друга интересна занимливост за пирамидите е тоа што температурата во нив не оди погоре од 20 степени целзиусови иако надвор од нив оди и преку 50.
Тешко е да се процени тежината на пирамидите иако според некои истражувања, Кеопсовата пирамида тежи 6 милиони тони. Во просек потребни биле 20 години за изградба на една пирамида, поради тоа паралелно се граделе неколку пирамиди.
Но како пирамидите и по неколку илјади години се задржале неоштетени и покрај големите температури?
Денес точно не е познато како е добиен материјалот од кој се изградени.
Погледнете ги најголемите мистерии за пирамидите :
Ф.Г.