Мистериозна дама: Сега таа е најбараниот нарко-бос во светот

Сега кога озлогласениот нарко-бос Ел Чапо е зад решетки, на листата најбарани криминалци од американската управа за борба со дрога – “DEA”, првото место го заземала една дама.

На потерницата се наоѓа мистериозната Марија Тереса Осорио де Серна, Колумбијка барана поради перење на пари и трговија со дрога.

Малку се знае за Осорио де Серно, а не се знае ни кога е точно родена – датумите варираат од 1950. до 1945. година. Всушност, толку малку се знае за неа, што се опишува како дух, пренесува BBC.

Во родната Колумбија против неа не е отворено никакво обвинение, но САД ја бара поради поврзаност со познатиот Меделин картел. Се верува дека за нив Марија Тереса испрала милиони долари, пренесува Russia Today.

Картелот се “прославил” за време на владеењето на познатиот нарко-бос Пабло Ескобар, кој контролирал кокаинска империја во Колумбија, шверцувајќи дрога во САД додека не бил убиен во 1993. година.

DEA има потешкотии во лоцирањето на Осорио де Серна, а нејзината последна позната адреса била на Флорида. Користела лажни имиња – Марија Тереса Кореа, Глорија Бедоја и Ирис Конде.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.