Овогодинешната Мис на Соединетите Американски Држави била во воена служба на својата земја. Deshauna Barber ќе го продолжи натпреварувањето за Miss Universe како победничка на изборот за Мис на САД за 2016-та година, кој се одржа во Лас Вегас.
Barber која работи како IT aналитичар за Министерството за трговија на САД во Вашингтон, а која исто така била командант за логистика, титулата за мисица ја дочекала во солзи.
Дваесет и шест годишната Американка, чии родители, брат и сестра исто така служеле во војската, тврди дека полот не ги ограничува жените во Америка.
Изјавила дека жените се еднакви по сите правила во САД и додала: “Како заповедник на својата единица јас сум моќна и посветена на својата работа. Полот не не ограничува во САД.
Таа е првиот воен заповедник која некогаш ја освоила титулата Мис.
“Ако претседателот Обама побара од мене да се борам во Ирак, ќе прифатам. Би заминала веднаш. Тоа е она за што јас потпишав пред 10 години, и за тоа се борам и денес”, рекла Deshauna во Вегас.