Мислела дека ќе вечера, но вечерата ја совладала: Кокошки совладале лисица

Кокошки усмртиле лисица во живинарска фарма во североисточна Франција, кога се обидела да влезе кришум во објектот.

Напасникот влегол во кокошарникот на земјоделско училиште во Бретања, но бил приклештен на автоматската врата којашто се затвора кога ќе се стемни. Така заглавена, лисицата била нападната од своите потенцијални жртви, јави БГНЕС.

– Тука, во аголот, ја најдовме лисицата мртва. Била заглавена, па кокошките ја нападнале и исколвале до смрт, рече Паскал Даниел, директор на училиштето.

Последен пат, лисица се прикрала во еден од кокошарниците во училиштето пред повеќе од една година, и тоа заврши многу лошо за кокошките.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.