Мислевте дека ви се непријатели? Според истражувањата строгите мајки израснуваат подобри деца и подобро ги подготвуваат за животот

Мислите ли дека вашите родители биле премногу строги кога сте биле дете? Ако тоа било така, веројатно секојдневно ве предупредувале за вашата иднина, како и тоа редовно да ја чистите вашата соба и секогаш да ги работите задачите на време.

Многу луѓе пораснале со строги родители, при што ви се чинело дека цело време не казнуваат.

Иако не ви изгледа така, експертите тврдат дека строгите родители израснуваат далеку поуспешни деца. Без оглед колку тешко мислите дека било вашето детство, еден ден ќе бидете благодарни на вашата мајка за тоа.

Една професорка од Универзитетот во Есекс направила студија која вклучила повеќе од 15.000 деца на возраст од 13 до 14 години во период од 6 години. Студијата покажала дека успешните луѓе имаaт мајки со големи очекувања.

Децата кои биле сигурни и уверени во себе имале строги мајки со големи очекувања. За тие деца и веројатноста дека ќе завршат факултет и дека ќе добијат добра работа, била поголема, без оглед колку тоа звучи нереално.

Децата кои имаат строги мајки ги сметаат своите мајки за непријатели, но подоцна во животот сфаќаат дека тоа било за нивно добро. Порано или подоцна, дека вашата мајка ве одгледала правилно и дека добро ве припремила за она што доаѓа во животот.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.