Мисицата на Москва се ожени за двојно постариот крал на Малезија: Фотографиите од венчавката го запалија интернетот (ФОТО+ВИДЕО)

Maлезискиот крал (49) се ожени со поранешната мисица на Москва (25), а фотографиите од нивната свадба буквално ги преплавија медиумите, пренесува “rt.com”.

Мухамед V од Калентана, ибран за крал на Малезија, стапил во брак со руската убавица Оксана Воеводинa.

Тајната церемонија и кратко видео се објавени на социјалните мрежи.

Венчавката наводно била направена и по руски и по муслимански обичаи, а на свадбата немало алкохол.

Младоженецот носел традиционална облека, додека невестата била во венчаница. Кралот на Малезија е на боледување до крајот на годината, а претходно бил оженет со девојка од неговата земја.

Се разведил во 2008 година, а во 2016 година стана прв крал во историјата на Малезија кој започна да владее без сопруга.

Вака изгледал танцот на брачниот пар:




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.