Мисајловски ги поздрави Сугарески и Китанов, пак ја згрешиле трасата

Расте нервозата во СДСМ, лупа срцето, знаете дека губите. Објавената фотографија која илустрираше крив пат, покажува дека СДСМ не работи ништо, напиша потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски.

-И да е таа од Буринди, Свазиленд, или САД и Германија суштината е иста, СДСМ ништо не работи, а кривиот пат е синонимот за нивното неработење. Туку сега што правиме со тоа што Заев вели дека завршил гасовод во Македонија со слики украдени од други земји? Кривиот пат останува симбол на СДСМ и Заев, затоа што ништо право и не изградија, оцени тој.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.