Миркуловски: „За кого? За МАКЕДОНИЈА“

Организаторот на играта на македонската ракометна репрезентација Филип Миркуловски по пласманот во следната рунда од Европското првенство во Полска, преку социјалните мрежи на фотографија од соблекувалната упати порака со паролата на репрезентативците  „За кого? За МАКЕДОНИЈА“.

 

makedonija-640x294

Јунакот на мечот со Србија Дејан Манасков, кој постигна 10 голови не го криеше задоволството од обезбеденото учество во втората групна фаза.

– Мислам дека денешниот натпревар беше најтежок од оваа фаза. Се водеше вистинска „војна“. Резултатот беше изедначен. Во некои моменти бевме и посреќни. Првата цел ја остваривме, ќе имаме време да се подготвиме за новите три натпревари, истакна Манасков.

Репрезентацијата на Македонија обезбеди пласман во следната рунда на ЕП во Полска, откако одигра нерешено 27:27 со Србија, со голот на Манасков постигнат во последните секунди.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.