Минов до влacта: Од 27 земjи во ЕУ во 20 пpeдметот иcтopиja е задолжителен, пocлушajте ги попаметните во Евpoпа и надлежните во Maкедониja

Изучувањето на историјата и посебниот предмет историја придонесува за негување на националнит идентитет, почитување на иситиот, важна е за да се разбере важноста на самата историја, рече Никола Минов, професор на Филозофскиот факултет на денешната јавна расправа на тема реформа во образованието што се одржа во Собранието.

Професорот се осврна на кажувањата на минситерката за образование, Мила Царовска дека спојувањето или укинувањето на предметот историја е коинциденција што се случува во период кога има проблеми со Бугарија на темата посебност на македонскиот јазик, идентитет.

-И да се работи за несреќна коинциденција, еве да прифатиме дека е така, сепак за вакви реформи не може вака да се прави, не моѓе вака да се постапува, рече професорот Минов.

Тој укажа дека миниситерството ги отфрла сите ставови на компетентните институции како Институот за историја при Филозофскиот факултет, Институот за национлна историја, МАНУ.

-Ставовите на овие институции дека предметот треба да биде посебен и историјата да се изучува посебно наиде на ѕид кај надлежните, рече Минов.

Професорот Минов се осврна и на наоди до кои дошле група на професори по историја во истражувањето спроведувано неколку месеци.

-Се ова што ќе го кажам се официјални информации, информации од минситерствата за наука на соодветните земји. Или во 20 од 27 држави во ЕУ историја се изучува како посебен предмет во основното образование. Во Финска се изучува 4 години, исто во Грција, во Шведска се учи историја 5 години во текот на основното образование 5 години… Во Бугарија на пример предметот е историја и цивизлизација случајно или не не знам. Кај соседите, во Србија е задолжителен предмет во четори од 8 одделенија, во Албанија во четири од девет одделнија во основното, посочи професор Минов.

Според него сите овие земји укажуваа на важноста на изучување на историјата пред се за „негување на националниот идентитет, почитување на иситиот, за да се разбере важноста на историјата на државата“.

Профеорот на крај од своето обраќање апелираше до надлежните.

-Послушајте ги попаметните во Европа дека историјата треба да е самостоен предмет и консултирајте ги надлежните во државава, кажа Минов.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.