Министерот објави фотографии од маркет: Полни колички со зејтин

-Ваков начин на купување на масло за јадење во маркетите јасно покажува дека не е за сопствени потреби за граѓаните туку за препродажба во сивата економија по повисоки цени од набавна или за продажба во соседните земји каде што зејтинот е по многу повисока цена, напиша министерто за економија Крешик Бектеши на својот Фејсбук објавувјаќи фотографија од маркет на која се гледа како еден од купувачите има наполнет корпа со зејтин.

– Нема да дозволиме системот да биде изигран и мерките кои што ги донесовме за заштита на граѓаните од ценовни шокови да бидат злоупотребени. Наша главна цел е граѓаните непречено и редовно да можат да ги задоволат своите потреби и да купат основни прехранбени производи во време на криза, напиша Бектеши.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.