Министерот на потег! Прилепските спортисти очекуваат брз резултат

Иницијативниот одбор за отварање на спортските објекти – Универзалната сала и спортската сала “Македонија” во Прилеп, денеска имаше состанок со спортските клубови и спортистите.

Одворот доби особена поддршка и од бизнис секторот, од каде како претставник беше присутна и сопственичката на прилепската компанија “Комфи Ангел”, Ирена Јакимоска.

На состанокoт се покрена иницијатива до Министерството за спорт и до министерот Борко Ристовски за отварање на двата спортски објекти во Прилеп.

Очекувањето е дека конечно ќе се најде решение за спортистите и спортските клубови во градот под Марковите Кули.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.