Црногорскиот министер за внатрешни работи Рашко Коневиќ поднесе оставка.
Рашко Коневиќ е заменик-претседател на Социјалдемократската партија на Црна Гора, која вчера не и даде доверба на црногорската Влада. Сепак Владата на Мило Ѓукановиќ доби доверба во Парламентот, бидејќи беше поддржана од мнозинството пратеници во Парламентот.
Иницијативата за ослободување од должност е испратена до премиерот, а по тоа прашање треба да се произнесе и Парламентот.
Според претставникот на Социјалдемократската партија Иван Вујовиќ со изглегувањето на социјалдемократите од владејачката коалиција, таа престанува да постои и Владата е „нелегитимна“