Oткако вчера Иницијативниот одбор за отварање на спортските објекти – Универзалната сала и спортската сала “Македонија” во Прилеп, одржа состанок со спортските клубови и спортистите од градот под Марковите Кули, експресно реагираше Министерот за спорт, Борко Ристовски.
Новиот министер со својот тим утре (12.07) доаѓаат во Универзалната сала, каде со почеток од 12:00часот ќе одржи прес конференција.
Очекувањата на спортските работници и спортистите се дека конечно ќе се најде вистинскиот пат, овој спортски храм да го врати стариот сјај и истиот да се стави на располагање на општина Прилеп.