Гоце Делчев крена тензии меѓу Македонија и Бугарија.
Бугарската страна е особено погодена од предлогот на експертите од земјава, Делчев заеднички да се чествува на 7 октомври, ден кога во 1946, Бугарија ги предала моштите на Македонија.
Захариева вели дека кога го видела предлогот прашала дали е шега.
– Тоа Гоце Делчев самиот си има кажано што е – Бугарин е. Го напишал десетици пати, вели таа и додава дека целата идеја за македонската нација е создадена на основата на разделување од Бугарија.