Минималната плата во март ќе се зголеми за околу 2.000 денари

Нема да има интервентно зголемување на минималната плата под притисок на синдикатите, а нема да има ниту празнични потрошувачки кошници или ад- хок мерки за стабилизација на цените и маржите. Министерот за економија Бесар Дурмиши вели минималецот ќе порасне во март, но само онолку колку што законски следува, согласно формулата за пресметка.

Бесар Дурмиши, министерот за економија, на брифинг со новинарите рече дека минималната плата во март 2026 година ќе се зголеми за околу 2.000 денари. Сепак вонредно зголемување на минималната плата нема да има, туку се работи за законско зголемување според растот на просечната националан плата на годишно ниво што задолжително секоја година се менува во месец март по законските измени што ги направи минатата власт.

Дурмиши најави дека до крајот на месецот ќе го свика економско социјалниот совет на кој ќе се прецизираат и владините просечна потрошувачка кошничка како пандан на минималната синдикална.

Во меѓувреме, Сојузот на синдикати на Македонија продолжува да инсистира на барањето минималната плата да достигне 500 евра.

Анализите покажале дека доколку се го прифатат барањето на ССМ за покачување на минималецот на 500 евра ќе влијае на инфлацијата која ќе се покачи па затоа минималецот ќе остане 22.400 денари до март идната година кога ќе има редовно зголемување но по однапред утврдена формула и кое нема да ја надмине границата од две илјади денари плус.

Моментално, минималната плата во земјата е 24.379 денари нето месечно.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.