Откако во јавноста се популаризираше уште еден скандал поврзан со функционер поставен од владата на Заев, на својот Фејсбук профил реагираше и добро познатиот поддржувач на политиките на Заев и поранешен висок партиски член на СДСМ како и претседател на Сорос Фондацијата во Македонија, Владимир Милчин. Милчин на својот Фејсбук профил запраша ,,Има ли крај?’’, веројатно мислејќи на низата коруптивни скандали кои ја тресат владата на Заев – пишува порталот “Инфомакс”.
Имено сериозни сомнежи во јавноста се појавија за злоупотреба на службената положба од страна на високи државни и партиски функционери од кои само последен е случајот со службеното возило на директорот на БЈБ, Лазо Велковски кое беше употребено за лични потреби, односно употребено за прошетка во Грција од страна на неговата ќерка – додаваат од “Инфомакс”.
На последниот настан претходеа сомнителни грантови од Фондот за иновации, сомнителни тендери и класични примери за злоупотреба на парите на граѓаните.