Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски најави прес-конференција денеска во 11:00 часот во прес-салата на ВМРО-ДПМНЕ, на која ќе ги објави прислушкуваните материјали на кои се слуша гласот на експремиерот Зоран Заев..
„Денес медиумите ќе бидат запознаени со материјал од висок јавен интерес, доставен од анонимен укажувач. Материјалот е сериозна индиција за злoyпотреба на службената положба на поранешниот премиер, преку експлицитно признание за директно мешање на извршната во одлуките на судската власт, на највисоко ниво.
Бидејќи бев известен дека во Собранието нема да ми биде овозможено да имам прес конференција, истата ќе ја одржам во прес салата на ВМРО ДПМНЕ, во 11 часот“, напиша Милошоски на Фејсбук.