Милошоски: Законот за јазици е правно неиздржлив, политиканство за коалициски интерес

По однос на изјавите на премиерот Заев малку е што во три дена има три различни изјави. Се случувало и по повеќе односно во три дена да има и по шест различни изјави, така да ценам дека ова е негов скромен перформанс, вели пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Антонијо Милошоски во вечерашното гостување во емисијата Топ тема на ТВ Телма, коментирајќи ги изјавите на премиерот Заев по однос на забелешките од Венецијанската комисија за законот за јазици.

Милошоски нагласи дека критиката од страна на Венецијанската комисија за употреба на законот за јазици е издржана потенцирајќи дека законот е правно неодржлив , односно како што рече тој тоа е политиканство се со цел краткорочно да се задоволат коалициските интереси.

-Имаме закон за парнична постапка имаме закон за обвинителство, имаме закон за кривична постапка имаме закон за управна постапка. Сите овие закони се системски закони кои што ние или наши претходници во собранието ги изгласале согласно уставните амандмани, а системски закон значи дека се гласа со две третини и сега вие со еден закон кој што е изгласан со просто мнозинство наметнувате наметнувате норма на друг закон и го дерогирате друг закон кој што е изгласан со две третини и е системски закон. Тоа е правно непознавање на работите, тоа е политиканство се со цел краткорочно да се задоволи некој коалициски интерес, но правно не е оддржлив и во право е Венецијанската комисија кога вели дека овој закон ќе направи повеќе штета во правосудниот систем, отколку корист, а и досега на ниту една странка во правосудниот систем не и било скратено да го користи јазикот кој што е мајчин јазик, смета Милошоски.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.