Милошоски: Ден Дончев и Заев заедно го пишувале соопштението со кое денеска ќе се правда ckaндалот за рекетирањето

– Ден Дончев сношти најави соопштение за денес, во врска со ckaндалот со видео снимката на која зема сноп пари и аудио снимките на кои се слуша како Заев му “дал пас” да дејствува со инспekции во “фирмата”, а ги спомнува и Вилма, и Блажо од Финансиско разузнавање, Нино Тодоров и адвокатот Медарски, напиша на Фејсбук Антонио Милошоски.

– Но, зошто Ден Дончев нема да одржи прес конференција туку ќе оди само со соопштение?
1. Затоа што на прес конференција искусни новинари од Сител, Телма, Канал5, Алсат, Плусинфо, МКД.мк, Алфа, ТВ21, и други медиуми сигурно ќе му постават незгодни прашања за снимките, за peкетирањето, за името на торбарот што ги носел парите до Струмица, за тоа дали и колку во овој ckaндал бил вмешан министерот Филипче, и пред се, според кој закон Заев како премиер му давал ‘пас’ на директорот на Фондот за здравство да праќа полициски и финансови инспekции во приватни фирми?

2. Дончев денес ќе оди само со соопштение, затоа што тоа соопштение вчера до касно вечер заедно го пишувале со Зоран Заев, за да нема разногласие, како што беа усогласени да лажат дека Дончев дал оставка од ФЗО поради семејни причини. Заев има особен интерес да се координира и да проба да го заштити Дончев во овој pekет-ckaндал, во спротивно ризикува во блиско време Дончев да биде следниот кој пред некој судија ќе извика ‘pekетираните пари барајте ги кај Зоран и Вице Заеви” (Дончев знае многу работи за бившиот премиер, за Венко, па и за интересната улога на Бајруш во аферата).

3. И третата причина зошто Дончев денес за мега ckaндалот би одел само со соопштение е можноста тој веќе да не е во Македонија, туку далеку преку океанот. Се разбира дури и бегството од Македонија не би можело да е без координација со Заев .., но бидејќи бегството би било и потег на признавање на вина, претпоставувам дека Дончев е поверојатно сеуште да е во Скопје, или можеби во родното Муртино.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.