Милошоски: “Датумот му се загинал во авионот лани?”

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ја напуштија денешната седница на Комисијата за европски прашања на која се дискутира за недобивањето на датум за почеток на преговорите со ЕУ по блокадата на Франција – oбјави порталот “СДК”

Пратеникот Антонијо Милошоски на говорницата излезе со фотографија од вицепремиерот Бујар Османи и министерот за надворешни работи Никола Димитров, велејќи тоа е сликата кога лани двајцата го излажале народот дека земјава добила датум за почеток на преговори. Милошoски кажа дека досега барале за неуспехот да се разговара на Комисијата за надворешни работи, а не на ваква, како што кажа, владина забава.

„Османи и Димитров лани по пат го загубија датумот. Денеска наместо оставка ќе ви понудат манипулативни изјави. Ние нема да учествуваме во оваа пародија. Утре имаме Комисија за надворешна политика и таму е местото за дискусија за овој неуспех на Владата. Ви посакувам пријатна забава денеска“, рече Милошоски.

Извор: sdk.mk




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.