Најмалку седум милијардери од Силиконската долина веќе две години инвестираат во бункери на Нов Зеланд во случај на апокалипса.
Во страв од нуклеарна војна, одлучиле да побегнат од САД и да изградат свои засолништа на овој оддалечен остров.
Бункерите се закопани четири метра под земјата, тешки се околу 150 тони, додека пак нивната цена изнесува 11,5 милиони долари.
Компанијата која е задолжена за изградба е “Rising S”, а Гери Линч, генералниот менаџер на оваа компанија објаснува зошто Нов Зеланд е идеална дестинација за прежиување.
“Нов Зеланд не е ничиј непријател, а со тоа не е ниту мета во потенцијална нуклеарна војна. Тоа е место каде луѓето можат да најдат засолниште”, вели Линч.
Меѓу богаташите од Силиконската долина е и Питер Тејл, еден од основачите на “PayPall”, кој купил две локации.
За разлика од Питер кој јавно проговори за своите планови, има и такви кои тоа го прават далеку од очите на јавноста.
Еден од нив наводно има и гаража полна со оружје и мотори, а во случај на опасност направен е посебен премин за него до приватен авион кој ќе го пренесе во Невада, каде го чека друг авион, кој може да го пренесе него и уште четири членови на посадата.
Меѓу останатите познати Американци е и Џејмс Камерон, како и Џулијан Робинсон.