МИЛИНА! Над 150 дечиња во еден глас пејат бадникови песни – На Бадник ќе пренесат љубов и радост до секого во центарот на Прилеп (ВИДЕО)

Над 150 дечиња ќе учествуваат во Бадниковата поворка оваа година во Прилеп. Дечињата веќе одржуваат редовни проби и ја подготвуваат песната “Вечниот Бог”, како и неколку други духовни песнички, кои на Бадник ќе ги испејат на Камената бина во центарот на Прилеп.

Од Здружението “Бадникови поворки – Прилеп”, ги повикуваат дечињата да дојдат и на последната проба за оваа година, која ќе се одржи на 24.12.2024 вторник во 18:00 часот во фоајето на НУЦК Марко Цепенков.

-Побројни заедно да пееме и да го најавиме Христовото раѓање! На последната проба ќе бидат поделени материјали за изработка на ѕвездичките за тие кои што не зедоа – стои во поканата.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.