Миленикот на фановите со капитенската лента: Еве кој ќе биде наследникот на големиот Џиџи

Главната вест во фудбалскиот, а може да се каже и целиот спортски е одлуката на Џанлуиџи Буфон, легенда и капитен на најтрофејниот италијански клуб Јувентус, да го напушти клубот.

Миленикот, не само на фановите на Јувентус туку и на најголемиот дел од фудбалските фанови, после 17 години, од кои шест е капитен на торинскиот великан од следната година ќе има свој заменик.

Пред Буфон капитен на Старата дама беше Алесандро Дел Пиеро, тие двајца сигурно се меѓу најголемите играчи кои играле за клуб, ако не и најголеми. Прв капитен на Јувентус во 21-от век беше Антонио Конте, кој го 2012 го врати Јувентус на шампионските патеки, по 6 години без титула.

Нов лидер на црно-белите од Торино ќе биде уште миленик на навивачите на Јувентус, борбениот Џорџо Киелини, кај фановите познат како Џорџоне.

Инаку, Киелини својата кариера ја започна во Ливорно, од каде заминува во Рома, која прво го враќа на позајмица во Ливорно, а го праќа на уште позајмица во Фиорентина, каде фудбалскиот свет ги запознава неговите квалитети. Во Јувентус пристигнува во 2005-та како голем талент на 20 години, во клубот остана и во сезоната помината во Серија Б, а од следната сезона ќе биде капитен на Старата Дама.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.