Милена од Прилеп го освои жирито на “Никогаш не е доцна”: Со прекрасен настап и глас се пласираше во нареден круг (ВИДЕО)

Mилена Јованоска (45) од Прилеп го имаше најдобриот настап на последната емисија на Гранд, “Никогаш не е доцна”.

Mилена целиот свој живот сонувала за големата сцена, но не успеала да ги прилагоди работата и секојдневните обврски околу одгледувањето на детето.

Милена пее од својата 14година, а нејзината мајка сакала да стане оперска пејачка. На 16-годишна возраст го имала и првиот телевизиски настап за македонската телевизија.

Таа настапи со песната “Да је слаџе заспати” од Даниела Мартиновиќ и ги освои симпатиите кај целото жири.

Настапот на Милена е од 52:20 минута во видеото во продолжение:

Милена на крајот од емисијата успеа да се пласира во наредниот круг.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.