Миле Талески: “Станавме европска држава, ќе победиме на 12 април” (Видео)

“За помалку од две и пол години станавме модерна и европска држава, а успехот на реформите спроведени од Владата предводена од СДСМ, се признаени од целиот демократски свет. Затоа гордо кажуваме: државата е на прав пат!
Тоа е патот на развојот и просперитетот. Тоа се повисоките плати во сите општествени сектори, градежната офанзива на патишта, огромната социјална помош, враќањето на парите директно кај граѓаните, повисоките субвенции и инвестиции во земјоделието, бескомпромисната борба против корупцијата. Во изминатиот период, организиравме стотици урбани и маалски средби со граѓаните. Го слушнавме нивниот глас и заедно го трасиравме овој пат, кој води напред во подобра иднина за сите. Продолжуваме така, со отворен, искрен и чесен пристап, преку директни средби и разговори со граѓаните, да ги изнаоѓаме решенијата на проблемите и да ги градиме државните и локалните политики. Затоа ве повикувам да се приклучите на граѓанската трибина, која ќе се одржи утре, сабота, 26.10.2019, со почеток во 13 часот во Центарот за култура „Марко Цепенков“, на која ќе се обратат: претседателот на СДСМ, Зоран Заев, градоначалникот на Општина Прилеп, Илија Јованоски и министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески”
, истакна на денешната прес конференција, Миле Талески, претседател на ОО СДСМ Прилеп.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.