Миле Талески не смее да напише Македонија? Важно Прилеп стана двојазичен и се живее преубаво

Кандидатот за пратеник и претседател на ОО СДСМ Прилеп, Миле Талевски, во своите пораки на социјалните мрежи многу често го користи терминот “нашата држава”, наместо Македонија.

И во денешната објава на Фејсбук, каде Талевски објави фотографии од средби со граѓани во центарот на градот напиша:

– Денес, нашата држава ги решава проблемите на граѓаните на ефикасен и праведен начин, обезбедува почитување на законите и неселективна казнивост за криминалот, обезбедува еднакви шанси за сите. ‼️ Нудиме нова македонска развојна економија, заснована на нови технологии, одржливост и човечки капитал. Модел што ќе ги штити работните места на граѓаните, ќе генерира повисоки плати и подобри работни места. Модел што дава нови и подобри шанси за сите. Модел што нуди стабилност за нашите деца и идните поколенија За само три години, направивме пресврт на подобро. Во наредните четири #Можеме уште повеќе и уште подобро!

Taлевски откако започна кампањата за изборите постојано потенцира дека денеска поубаво се живее, дека растеле платите се почитувал трудот на работникот, дека ги зачувале работните места….

Граѓаните пак на секое негово појавување во медиумите реагираат бурно и не се согласуваат со она што челниците на СДСМ во Прилеп се фалат.

Освен неколку асфалтирани улици, Прилеп не доби ниту една нова фабрика во индустриските зони во три години, не се изгради ескпресниот пат Прилеп-Градско и се уште не е изграден гасоводот Неготино-Кавадарци-Прилеп-Битола….

Но, повеќе прилепски институции добија двојазични табли:




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.