Пратеникот на СДСМ од Прилеп, Миле Талевски, e во првите тројца најголеми трошаџии на државниот буџет за патни трошоци во Собранието – објави “Инфомакс”
Според објавениот текст, Миле Талевски во 2023 година за патни трошоци побарал и добил 602.929 денари. Талевски бил во Собранието 83 дена, што значи дека во просек добивал по 119 евра за секој ден.
Пред Талевски на листата е Јадранка Поцкова која за патни трошоци земала 676.414 денари и Љубица Спасова со 613.983 денари.
Ова не се сите пратеници, туку само рекордерите по земени патни трошоци со суми околку од над 600.000 илјади денари, но важно е да се напомене дека сите пратеници ја чинат Македонија вкупно 19.519.200 ДЕНАРИ или 320 ИЛЈАДИ ЕВРА!