Микробиолошки неисправна водата од каптажата на изворот Студенчица

Институтот за јавно здравје информира дека примерокот на вода за пиење земена од мерно место каптиран извор Студенчица, сирова нехлорирана е микробиолошки неисправна заради наод на колиформни бактерии и на Psevdomonas deruginosa.

Од РЦУК – Кичево истакнуваат дека водата за пиење иако бактериолошки е неисправна на каптажата од изворот Студенчица, сепак, сите градови и поголеми населени места поседуваат станици каде што се хлорира водата и по овој процес водата е целосно бактериолошки исправна и може да се користи како за пиење така и за готвење.

Од Студенчица со вода за пиење се снабдуваат околу 160.000 жители од југозападниот дел од државата.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.