Мала „расправа“ на Фејсбук помеѓу поранешниот градоначалник на Чаир, Изет Меџити, и скопскиот градоначалник Петре Шилегов и поранешниот на Чаир, Изет Меџити, предизвика вчерашниот светлосен „перформанс“ кога на скопското Кале се појави двоглав орел и прашањето „Зошто да не“ – мото на изборбната кампања на ДУИ.
„Ако Барак Обама може да стане претседател на државата, зошто Албанец не може да стане Премиер во РМВ? Дали е ова општество за сите како што се тврди? Зошто да не, господине Шилегов?“, напиша Меџити Фејсбук обраќајки се до Шилегов кој претходно рече дека тоа е „ефтина анимација“.
На ова реагираше прозваниот:
„Криењето на сопствената неспособност зад Обама, не е ништо друго освен потврда на тоталната неспособност да се справите со вистинските проблеми на граѓаните. Особено во Чаир. Не им зборувајте за Обама. Зборувајте им за неасфалтираните улици, немањето водовод и канализација. Субстандардните услови на живеење. Во 21 век. Во општина што “обамовски” ја водевте и ја водите. Евтини се приказните. Па макар и Обама да ги “раскажува”, возврати Шилегов.
Извор: “Експрес.мк”