Денес за превоз на британската премиерка Тереза Меј, беше искористен блендираниот мерцедес за кој има процес на суд, во кој е обвинет поранешниот премиер на државата Никола Груевски, и поранешната министерка Гордана Јанкуловска, објави порталот “Лидер”.
Инаку премиерот Зоран Заев во повеќе наврати ветуваше продажба на овој мерцедес кој сега очигледно го користат за повеќе потреби на владата.
Во обид да се сокрие од јавноста дека се уште се користи мерцедесот, од владата решиле да ги променат таблиците. Претходните регистарски таблички беа СК 2936 АЦ, а додека новите со кои денеска се возеше Тереза Меј се СК 4074 АП – додаваат од “Лидер”.